(Видео) Црн чад од Вардариште денеска, друг спроти „Џеваир“

Црн чад се издига од правец на Вардариште во моментов, а друг столб од црн чад има спроти кулите „Џеваир“.
Наши читатели ни пратија снимки:
Утрово, директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше дека на дивата депонија Вардариште нема горење ниту чадење,а и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот.
Таму, според надлежните, треба да има и обезбедување од агенција, но сепак, некој успеал да запали нешто за да се издига ваков црн чад.
Ангелов има закажано прес-конференција за 14 часот, па очекуваме да даде одговори.
Во меѓувреме, граѓаните на Аеродром секој ден се сè побројни на протестот кој го организираат од 18 часот кај мостот „Киро Глигоров“ и бараат чист воздух сега – не по избори.(Б.Б.)