(Видео) Четворица европски министри „гласаа“ за Димитров

СДСМ објави видео во кое четворица европски министри дадаоа јавна поддршка за изборот на Никола Димитров, актуелниот шеф на дипломатијата. Станува збор за министрите на Германија, Луксембург, Чешка и Литванија, а едниот од нив, Жан Аселборн пораката ја кажа на македонски јазик.

-Само со ваква очигледна европска поддршка, само со вакви пријарели се гради европска иднина, напиша Димитров под видеото.

Видеото дојде во момент кога во ЕУ се отвори дебата за отвореното мешање на претседателката на ЕК, Урсула Вон Дер Лајен во изборите во Хрватска преку спот во кој  не се дистанцира од својата функција како прв човек на ЕУ, во услови кога правилата на Унијата налагаат неутралност. Ваквите поддршки вообичаено се правдаат со припадност на исто партиско семејство, при што на ВМРО-ДПМНЕ му се случи и да вклучи странски политучари на митинг.