(Видео) Четири лица повредени при пукање во Торонто


Четири лица се повредени при пукање во Торонто за време на вчерашната прослава по повод победата на кошаркарскиот тим Торонто Рaпторс, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на полицијата.

 

На плоштадот Нејтан Филипс во центарот на градот се слушнале истрели, кои предизвикале хаос и паника и натерале многу луѓе да се растрчаат во обид да се скријат некаде.

На настанот, на кој, според некои проценки, биле присутни милион луѓе, присуствуваше и канадскиот премиер Џастин Трудо. Прославата беше накратко прекината, по што официјалните лица го смирија вознемирениот народ.

Полицијата уапси три лица во врска со пукањето.