(Видео) Четири ѕида: Дани сними нова рок-песна


Поп-ѕвездата Дани, по албумот „Град за љубов“ со поп-џез призвук, се враќа на својот претпознатлив рок-стил и ви го претставува најновото музичко остварување од „купчето“ нумери кои допрва ќе ги слушнете.

Новата рок-тема носи наслов „Четири ѕида“ и очекувано како автори се потпишуваат брачниот тандем Весна Бабамов Малинова и Кирил Бабамов.

„Четири Ѕида е емотивен расказ во мелодија, споделено искуство, исповед. Преживеани изџвакани комуникации барем еднаш во животот помеѓу партнери, родители и деца, брат и сестра, кој како ќе се пронајде. Секогаш се пронаоѓаме кога зборуваме вистина. Љубов е суштината. Секогаш. Во секоја песна, па и во оваа“, вели Дани.

За новата песна, црвенокосата Дани сними и интересен видеоспот зад кој се потишува филмското дуо Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев.