(Видео) Цел регион згрозен од дивеењето на студентите од Хрватска и Србија во Охрид – пиеле од лустери


Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец, запален тоалет, склшени стакла по ходниците, се сликите кои можеше да ги види цел свет, откако излегоа неколку видеа од дивеењето на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сето ова се случувало во хотел во Охрид, каде се одржувала  студентската „Дифовијада“.

Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал „24сата.хр“.

Оштетен инвентар, искршени прозорци, шишиња од пиво на покривот, тоалет кој изгледа како запален. Во таква состојба е еден од хотелите на охридското крајбрежје во кој минатата недела биле сместени студенти од различни делови на поранешна Југославија.

Снимките се поајвија пред два дена,  а набргу потоа беше објавена изјава на сопственикот на хотелот дека за штетата се одговорни студенти од Загреб, а сето се случувало минатата недела.

„Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. До сега немало проблем“, рече менаџерот на хотелот во Охрид, Северна Македонија.

„Студентите од Загреб беа агресивни. Разбираме дека се млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Имаме големи групи студенти, но никогаш досега не сме го имале ова, никогаш немало проблем“, додаде тој, истакнувајќи дека тие не ја запалиле просторијата, туку дека наводно палеле ракети во собите и ходниците.

„Глупаво е да се обвинува една група“
Како што објасни претседателот на Студентскиот сојуз на КИФ, чии студенти беа во хотелот, за Index.nr, се работи за Дифовијада на која присуствуваа 1.230 студенти од целиот регион, од кои 217 од Загреб. Тој рече дека не му е јасно од каде менаџерот знаел дека се токму студентите од Загреб и во која прилика изјавил дека токму тие биле агресивни.

„Најпрво сакам да кажам дека како претседател на студентското тело најостро го осудувам ваквото однесување од кој било, без разлика дали тој студент доаѓа од Загреб, Ниш, Белград или Љубљана, таквото однесување е неприфатливо во академската заедница“, изјави Мартин Стојчевиќ.

„Што се однесува до сопственикот на хотелот, мислам дека е глупаво да се обвинува групата или факултетот што ја направи штетата затоа што едноставно, од 1.230 студенти што беа таму, секогаш ќе има некој што ќе направи штета, тоа е едноставно законот за големи броеви. На толку луѓе сигурно од пет до 10 дошле да прават проблеми. Не знаеме кои се овие лица и дефинитивно го осудуваме чинот. Ако се поединци од Загреб јас ќе бидам првиот што ќе ги санкционира и верувајте дека тоа ќе го направат локалните факултети, секој за своите студенти“, додава тој.

Тој вели и дека студентите секако ја покриле целата штета што настанала, бидејќи при влегувањето во хотелот морале да платат по 20 евра за депозит кој не им бил вратен.

„Мислам дека е лесно да се пресмета колку 1.230 пати по 20 евра е депозитот и се надевам дека е доволно, но ако треба ќе ги најдеме одговорните физички лица кои ќе платат уште повеќе“, вели Стојчевиќ.

„Некој се обидува да го уништи она што го правиме со години“
Тој рече и дека Дифовијадата не се организирала за прв пат, туку е веќе традиционална.

„Сега некој се обидува да го уништи тоа што го правиме со години и гради односи меѓу 12 факултети. Јас сум првиот што имам пријатели од Белград и Нови Сад и Љубљана. Се слушаме цела година за Дифовијадата. Минатата година беше во Порече и беше супер, а сега од целата приказна излезе дека дојдовме таму да го урнеме хотелот.

Најлошо за мене е што испаѓа дека се обидуваат да се борат со нас. Ве молиме напишете дека во медиумите беше објавено дека сум рекол дека сум видел студенти од Мостар како кршат вазни. Никогаш не го кажав тоа и не видов некој да ги крши вазните“, рече тој.

„Жал ми е што се руши угледот на нашиот студентски сојуз и факултет, навистина не го заслуживме тоа. Правиме толку многу хуманитарни работи и сега ни се руши угледот“, вели Стојчевиќ.