(Видео) Бура во Црна Гора, Подгорица под вода


Силно невреме зафати поголем дел од Црна Гора синоќа, а поради силниот дождд проследен со ветар, главниот град Подгорица има поплавени улици и направена е помала штета.

Невремето почнало по полноќ, а до раните утрински часови наврнал многу дожд.

https://www.facebook.com/CafeDelMontenegro/posts/3299261856831208

Силниот ветар кршел стебла и гранки, и носел ѓубре по улиците, пренесоа медиумите од Подгорица.

Невремето го отежна и сообраќајот.

Метеоролозите и за денеска најавуваат променливо облачно време, а се очекува и дожд со грмотевици.