(Видео) Бугарските пратеници ќе се степаа во парламентот


Бугарските пратеници речиси ќе се степаа во законодавниот дом, а за малку не дојде до физичка пресметка помеѓу пратениците од „Продолжуваме со промената“ и ДПС.

По остриот говор на Костадин Костадинов од „Преродба“, кој од собраниската говорница обвини дека синоќа бил направен обид за организирање на „Мајдан“ во Софија, јави БГНес.

– Вчера бевме сведоци на обид за „Мајдан“ во Бугарија. Обид кој не успеа целосно, затоа што „Мајдан“ се прави со маќи, а не со платени соросоиди – рече Костадинов, кој смета дека настаните во Украина почнале на ист начин.

На неговиот говор остро реагираа пратениците од Движењето за права и слободи, кои го обвинија Костадинов дека ја турка државата во конфликт.

Неговиот говор беше осуден и од пратениците на Бугарската социјалистичка партија и Демократска Бугарија.

Турканиците во салата настанаа откако пратеникот од „Продолжуваме со промената“ Росен Костурков започна да се расправа со пратеници од ДПС, по што станаа уште неколку негови сопартијци за да ја смират ситуацијата, но тоа од Хамид Хамид од ДПС беше поинаку протолкувано па го турна Настамир Ананиев.

Претседавачот со седницата Мирослав Иванов цело време ги повикуваше пратениците да седнат на своите места, а преку вклучениот микрофон можеше да се слушне како некој до него повеќе пати му сугерира да даде 20 минути пауза за да не настане поголем проблем.