(ВИДЕО) Брзи и бесни на црногорски начин: Стравотна сообраќајка во Црна Гора


Во населбата Добра Вода, во близина на црногорскиот град Улцињ, вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени две лица.

Според податоците од црногорската полиција, повредените за среќа не се животно загрозени.

Сообраќајната несреќа се случи помеѓу два тунела, и како што може да се види од објавеното видео, автомобилот со огромна брзина претекнува друго возило по што ја губи контролата и удира во брдото крај патот по што заврши на другата страна од коловозот.