(Видео) Бруталниот нов мегазатвор во Ел Салвадор


Првата група од 2.000 членови на банди во Ел Салвадор преместена е неделава во голем нов затвор, оркако претседателот Најиб Букеле прогласи „голема битка против криминалот“ во таа земја.

Десетици илјади осомничени гангстери уапсени се во земјата по порастот на бројот на убиства и други насилни злосторства, пишува Би-би-си.

Во затворот, според најавите, на крај треба да бидат сместени повеќе од 40.000 затворници.

Претседателот Букеле твитна дека првите 2.000 затвореници се префрлени „во зората, во една операција“ во Центарот за сузбивање на тероризмот, за кој вели дека е најголемиот затвор во средна Америка.

„Ова ќе биде нивниот дом во кој ќе живеат со децении, сите зизмешани, и нема повеќе да можат да му наштетуваат на населението“.

Мегазатворот во Теколука, 74 км југоисточно од главниот град Ел Салвадор, се состои од осум згради. Секоја има 32 ќелии од околу 100 метри квадратни за држење повеќе од 100 затвореници, информира владата. Ќелиите имаат само по два мијалници и две тоалетни школки.

Објавена војна на бандите

Претседателот Букеле им објави „војна“ на бандите ланскиот март, носејќи вонредни мерки кои се продолжувани неколкупати. Вонредните овластувања беа контроверзни затоа што ограничуваат некои уставни права, како допуштање на силите на безбедност да ги апсат осомничените без налози. Во акција против криминалот уапсени се повеќе од 64.000 осомничени.

Властите велат дека криминалните групи како MS-13 и Barrio-18 бројат десетици илјади луѓе и одговорни се за убиства, изнуда и трговија со дрога. Целта на масовните апсења е да се натераат бандите „потполно да исчезнат“, вели владата.

Организациите за човекови права тврдат дека и невини луѓе се уапсени, а некои од уапсените пријавиле дека биле подложени на „суров, нечовечен и понижувачки третман“

Бројни критики

Но, ако Букеле ги оствари своите планови, затворот исто така ќе има една несфатлива карактеристика: ќе постави рекорд во намерно осмислена пренаселеност, според анализата на „Фајнаншл тајмс“. Ако достигне капацитет од 40.000 затвореници, секој затвореник ќе има само 0,6 метри квадратни внатре во заедниќките ќелии.

„Четириесет илјади е премногу за управување на едно место, точка. Под никакви околности“, вели мартин Хорн, пензиониран управител кој водел затвори во Њујорк, меѓу кои и „Рикерс ајланд“, еден од најголемите затвори на светот.