(ВИДЕО) Британка убиена од сопствените кучиња


Елејн Стенли, мајка на три деца била нападната од сопствените кучиња. Соседите ја нашле жива и се обиделе да ја спасаат, но не успеале. Од тешките повреди, таа починала на местото на несреќата – во нејзината дневна соба.

Соседите велат дека кучињата полудиле и едвај можеле да ги оттргнат. Морале да фрлаат цигли за да и помогнат на жената.

„Ние направивме сè што можевме и во моментот кога пристигна брзата помош, таа многу крвареше“, додадоа соседите.

Кучињата мешанци од расата мастифи ги бркале и полицајците кога пристигнале на местото на настанот. Едно од кучињата било застрелано, а другото успеало да се смири и било згрижено.

Случајот во моментов е под истрага.