(Видео) Бермудскиот триаголник повторно „усиса“ луѓе


Глисер со 20 патници исчезнал без трага.

Исчезнувањето на глисер со должина од девет метри со 20 патници во областа на Бермудскиот триаголник ја оживеа фантазијата на сите оние кои по толку многу поморски и воздушни несреќи се убедени дека од време на време се случуваат многу чудни работи во областа помеѓу Мајами, Порторико и Бермуди.

Бродот има два надворешни мотори со моќност од 250 коњски сили, а пловеше на почетокот на јануари од Бимини (50 милји од Флорида) до езерото Ворт, но никогаш не пристигна таму.

Американската крајбрежна стража започна обемна потрага во која учествуваа авиони и бродови, но потрагата за жал не донесе резултат.

Претрес беше извршен  84 часа на површина од 17.000 квадратни километри, по што крајбрежната стража официјално објави дека го прекинува пребарувањето бидејќи не се пронајдени ниту патници, ниту остатоци од бродот.