(Видео) Белград: На дожд регулираше крстосница, облечен само во бермуди


Од соседна Србија доаѓа многу интересно видео, на кое се гледа маж облечен само во бермуди, како на дожд го регулира сообраќајот на прометна крстосница во Белград.

Откако поради дождот семафорот престанал да работи, а немало полиција, еден човек самоиницијативно го презеде регулирањето на сообраќајот.

Сминката брзо се прошири по социјалните медиуми.

На неа се гледа како возилата бавно се движат, следејќи ги сигналите на „сообраќаецот“ без маица и обувки, на дождот кој истура.

Инаку, српските медиуми, нешто порано пишуваа дека улицата 45 минути била загушена, поради тоа што семафорите не работеле.

https://www.facebook.com/ivan.hrasovec/videos/10157221763588608/