(Видео) Белата куќа во новогодишно руво: Духот на Америка во бело


САД- Снегулки по ходниците, вештачки снег, лампиони во облик на знамиња на САД и други патриотски украси – Меланија Трамп ја накити Белата куќа во духот на Америка.

Првата дама ја има честа да ја накити Белата куќа за божиќните празници, а оваа година Меланија се одлучи за тема „Духот на Америка“.


Панделки, траки, лампиони и други патриотски орнаменти со ѕвезди и пруги ги китат многуте елки низ ходниците и просториите во Белата куќа.


На социјалните мрежи на профилите на Меланија, е објавено видео кое ја прикажува божиќната атмосфера во претседателскиот дом, а таа облечена во крем комбинација прошета низ него.