(ВИДЕО) „Бананата“ на Вучиќ за која зборува цела Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ во рамките на турнејата „Иднината на Србија” го посети Големо Градиште, каде што, меѓу другото, им се обрати на младите кошаркари од кошаркарскиот клуб Пожаревац, а со едно од момчињата ги демонстрираше своите вештини во овој спорт. И уште нешто друго.

Вучиќ ја посети спортската сала во овој град и вети дека државата ќе помогне таа да се заврши. На децата им поска да го развиваат спортскиот дух, да научат да се натпреваруваат и секогаш да сакаат да победуваат, но, исто така, и да знаат да подадат рака ако е некој подобар од нив, пишува noizz.rs.

Практичен, каков што е, ова животна лекција реши да ја прикаже на дело, а имаше среќа на мегдан да му излезе многу послаб противник – дете.

Иако можеби кога некој друг би се надигрувал со дете ќе игра на начин така што ќе му даде шанса на противникот, особено кога станува збор за спортист кој штотуку почанл да се развива, па со оглед на разликата во години и физичките предиспозиции ќе му даде повеќе шанса, но Вучиќ не е таков. Тој никогаш не се откажува, не попушта, особено кога се соочува со послаб противник, а особено не кога игра против дете.

Noizz.rs потсетува на случајот кога Вучиќ за малку евтини политички поени, среде епидемија на грип, без маска на устата гушкаше дете заболено од рак. Тогаш што е една „рампа“ за малиот спортист, кој и онака на многу начини веќе има толку многу пречки? Редно време е да научи да губи и да му подаде рака на „подобриот“, време е да научи што значи „банана држава”.

„Се чувствувам прекрасно кога ги гледам вашите насмеани лица и желбата да се занимавате со спорт. Ви посакувам многу победи и насмевки во животот“, рече Вучиќ.

Инаку, ова не е првпат Вучиќ им ги покажува своите спортски вештини на најмалите. Тој пред една година ги прикажа своите фудбалски способности пред една група деца при посета на спортска сала.

А пред повеќе од две години, при посета на фискултурната сала во Техничкото училиште во Мајданпек, на директорот на Јавното претпријатие „Патишта на Србија“, Зоран Дробњак, насилно му ја одзеде топката.