(Видео) Автомобил, со две пораки, се забил во оградата од канцеларијата на Меркел во Берлин

Автомобил управуван од непознато лице денеска удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, наведуваат светските агенции, но засега не се соопштуваат деталите за несреќата.

Според фотографиите на социјалните мрежи, на автомобилот што удрил во портата биле напишани и пораки.

„Стоп за политиката на глобализација“ и „Проклети убијци на деца и стари луѓе“, пишува на вратата од автомобилот.

Во моментот на инцидентот германската канцеларка се подготвувала за виртуелен состанок со премиерите на 16-те провинции со цел да се разгледаат натамошните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.