(ВИДЕО) Автомобил експлодира во тунел во Хрватска

Во тунелот Свети Рок во Лика, на автопатот А1, се запали автомобил по што следуваше и експлозија и поради тоа тунелот беше затворен во двете насоки.
Хрватскиот автоклуб (ХАК) објави на својата интернет-страница дека пожарот избувнал во насока кон Сплит и дека колони биле формирани во двата правци кои биле долги околу два километри.
Според Index.hr, ова уште повеќе ќе ги зголеми метежите што биле забележани на автопатот од раните утрински часови бидејќи многумина се упатиле кон Јадранското Море поради продолжениот викенд во Хрватска.