(Видео) Авион во САД слета без тркала, се запали на пистата


 

Авион со 126 луѓе во него се запали на пистата откако слета на аеродромот во Мајами, пишува Скај њус.

Авионот на компанијата „Ред ер“ имал проблеми со предниот дел за слетување, а летал од Санто Доминго во Доминиканската Република.

Авионот се излизгал на пистата, ја пробил комуникациската кула и сопрел на тревата. Патниците се евакуирани, а три лица завшиле во болница со полесни повреди.

„Мислев дека ќе умрам. Покрај мене беше еден старец и го прегрнував. Беше ужасно“, вели една од патничките за Скај њус.