(Видео) Авион пролета неколку метри над главите на туристите на Скијатос


Авион на „Виз ер“ летал неколку метри над главите на туристите при слетувањето на грчкиот остров Скијатос.

На драматичната снимка може да се забележат ентузијасти кои често на приодот до островот чекаат авионот да слета на пистата, која е многу блиску до брегот.

Но и искусните во вакви ситуации не биле подготвени за слетување на „ербасот“ на компанијата „Виз ер“ кој им поминал точно над главите и едвај ја прелетал заштитната ограда на аеродромот.