(Видео) Авион падна по полетувањето во Тексас, има и загинати


Малиот авион падна на пат во американската сојузна држава Тексас, во близина на ресторан, а според првичните информации пилотот го загубил животот.

Несреќата се случила вчера во попладневните часови по локално време, а причината за падот на авионот засега не е позната. Авионот паднал набрзо по полетувањето од аеродромот во Тексас.

Локалните медиуми, повикувајќи се на изјави на сведоци пренесуваат дека авионот имал технички проблеми, а при падот удрил во телефонски столб, за на крај да се забие во камион.

Засега не е познато за каков тип на авион станува збор, ниту пак колку луѓе имало во леталото во моментот на несреќата. Според првичните информации, пилотот загинал, а повредени се најмалку две лица.