(ВИДЕО) Асистенцијата на Карачиќ до Стоилов прогласена за најдобра во ЛШ


Асистенцијата на Игор Карачиќ до Стојанче Стоилов во финалето од Лигата на шампионите против Веспрем е прогласена за најдобра на сезоната.

Ракометарите на Вардар оставрија победа во овој натпревар и ја освоија европската шампионска титула.

Претходно од ЕХФ објавија дека Криштопанс е најдобар за месец јуни, а голманот Милосављев ја има најдобрата одбрана.