(Видео) Анимација која демонстрира ширење на вирусот по супермаркети


Научниците од универзитетот „Алто“ создадоа анимација која демонстрира ширење на вирусот корона во продавницата преку кашлица.

Застрашувачката анимација покажува дека капките од само една кашлица што остануваат во воздухот неколку минути можат да заразат луѓе во два околни реда.

Компјутерската симулација покажува како вирусот патува од заразено лице во затворен простор, па дури и кога заразеното заминува, останува облак капки.

Како што се гледа н видеото, веднаш штом лицето се искашла, вирусот се шири низ рафтовите. Сините топчиња се делови од вирусот кои остануваат пониско додека жолтите одат повисоко од нив.

И по цела минута, како што покажува видеото, огромен број честички остануваат на рафтот каде што  било заразеното лице, а облакот преминува и на следниот рафт. Во втората минута, додека најгустиот облак на честички останува на првиот рафт, може да се види дека добар дел од честичките сепак се шират не само на вториот туку и на третиот рафт,

Пораката на научниците кои ја направија оваа симулација е дека најдобриот начин да се заштитиме е колку што е можно повеќе да ги избегнуваме толпите што се карактеристични за супермаркетите .

„Ако мора да одите во продавница, одете колку што е можно поретко и останете таму што е можно покусо“, вели Виле Вуоринен, научник од финскиот универзитетот „Алто“  кој работел на оваа симулација.