(Видео) Активисти за заштита на животната средина со боја ја уништија зградата на „Луј Витон“


Фасадата на Фондацијата „Луј Витон“ и познатото место Вендом во Париз утрово биле испрскани со боја, дознава Франс прес од еколошките организации Extincion Rebellion и Last Renovation, кои ја презеле одговорноста за овие две одделни акции извршени неколку часа претходно, пред  првомајските собири.

Во видеото објавено на Твитер, група активисти истураат портокалова и црвена боја врз објект што беше затворен во понеделникот.

Со оваа акција Extinction Rebellion е насочена кон луксузната групација LVMH, која ја обвинува за „даночна оптимизација“. „Во сегашните општествени околности, кога Французите се откажуваат од еден оброк на ден поради инфлација, богатството на големите компании не е на место“, рече портпаролот.

„Синдикалните барања за повисоки плати ја имаат нашата целосна поддршка“, додаде портпаролот, осврнувајќи се на поворката на сите синдикати по повод Меѓународниот ден на трудот.

Фондацијата „Луј Витон“, е меѓу најпосетуваните музеи во Париз, а моментално е домаќин на изложбата „Basquiat x Warhol, four hands“.

И познатиот плоштад Вендом беше цел на вандализам од движењето Last Renovation. Уапсени се „шест граѓани“ кои учествувале во таа акција, изјави за AFP портпаролот на движењето.

Тие „користеле противпожарни апарати“ за да ја испрскаат портокаловата боја на фасадата и влезот на Министерството за правда, се додава во соопштението на организацијата.

„Со заштита на најбогатите, кои се најодговорни за емисијата на стакленички гасови, нашата влада ги ослабува најсиромашните меѓу нас“, предупредија тие, критикувајќи ја „неправедната пензиска реформа“.