(Видео) 200 Италијанци ја прекршија забраната и на Велики петок отидоа в црква


 

Околу 200 верници присуствуваа на церемонијата на Велики петок во регионот Апулија покрај воведениот карантин.

Местото Сан Марко ин Ламис има околу 15.000 жители и прочуено е по процесијата на Богородица на Велики петок, на која и претходи дефиле со кочии кои носат издлабени трупци претворени во факели.

Тој настан оваа година беше откажан поради строгите мерки на карантин во Италија за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Молитвата во тишина пред црквата, која ја организираше локалниот свештеник требаше да биде тајна и пренесувана во живо.

Но, семејства со деца и стари лица се појавија во голем број на лице место, рече градоначалникот Микеле Мерла.

„Погрешив, знам. Кога тие луѓе дојдоа и почнаа да се молат пред Богородица, беше комплицирано да ја прекинал молитвата“, рече Мерла и им се извини на граѓаните кои останаа дома за Велики петок.

Во знак на протест, граѓаните на Фејсбук поставија бројни снимки и фотографии од собирот што го налути бискупот Фоџе Винченцо Пелви.

„Тоа е сериозен чин на учесниците кои немаа ни здрав разум, ни мудрост да придонесат во заштитата на своето и здравјето на другите и да го избегнат ширењето на заразата“, рече бискупот Пелви.

Споменатиот локален свештеник Матео Феро, видно потресен од верскиот жар на жителите, рече дека молитвата е организирана како исклучиво верски чин.

„Кој сака да ме распне, да ме осуди, може да го направи тоа“, рече тој.

Весникот Кориере ди мекаџорно наведува дека свештеникот плачел.

Локалното правосудство треба да отвори случај за евентуална одговорност.

https://youtu.be/y0qXPp1SS1g