(ВИДЕО) 13 мртви во запалениот авион на московскиот аеродром Шереметјево


Силен оган го зафати авионот на московскиот аеродром Шереметјево. На Твитер се појавија и снимки од пожарот на кои се гледа како во пламен е половина авион. Во авионот имало 78 патници. Агенцијата Итар-Тас јавува дека 13 лица се загинати.

Станува збор за авион во сопственост на руски „Аерофлот“ Сухој Суперџет 100. Од „Аерофлот“ соопштија дека авионот се запалил по слетувањето на Шереметјево. Потврдија дека авионот се вратил на аеродромот од кој полетал поради технички причини.