(ВИДЕО) Официјално: Лукаку потпиша со Интер


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку го официјализираше трансферот од Манчестер Јунајтед во италијански Интер. „Нероазурите“ ќе ги платат британците 65 милиони евра веднаш, а други 13 милиони можат да влезат во благајната на „црвените ѓаволи“ како бонуси при добро претставување на играчот.

Лукаку објави видео на социјалните медиуми во дрес на Интер, снимено во населбата „Варезине“ во Милано.

„Интер не е за секого – затоа сум тука“, рече поранешниот стрелец на Андерлехт, Челзи, Евертон и Јунајтед, сошто официјално го објави трансферот.

Лукаку потпиша петгодишен договор со тимот од Милано, а новиот ментор на тимот Антонио Конте, го доби тоа што го бараше, бидејќи белгискиот репрезентативец беше трансфер цел број 1, откако сега е најскапиот трансфер во историјата на тимот.