Ветрот повеќе ќе придонесе за прочистување на воздухот од мерките


Фото: Б. Грданоски

Во организација на Економската комисија на Обединетите Нации за Европа (УНЕЦЕ), а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска беше промовиран Третиот преглед на состојбите со животната средина (ПСЖС).
Целта на промоцијата е сите засегнати страни да бидат информирани за идентификуваните потреби за соодветни мерки што треба да се спроведат во областа животна средина, но и да се воспостави подобра комуникација и афирмација на животната средина кај сите чинители.
Во обраќањето на промоцијата, министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакна дека треба да се работи на националното законодавство, дека ги ревидирале законите и дека сето тоа ќе биде завршено во блиска иднина, додавајќи дека ова не е дискусија само на една институција, туку се работи за интерсекторска дискусија и вп неа треба да се вклучат и другите министерства, а не само МЖСПП.
Антони Нунесе од УНЕЦЕ рече дека во областа на заштита на водухот е подобрена мрежата за мониторинг и е намалено загадувањето, преку намалено користење на фосилни горива.
– Се спроведува програма за субвенции и се зголеми јавната свест. Исто така теба да се преземат мерки за намалување на загадувањето од транспортот, од производство на електрична и топлинска енергија, а и треба да се измени програмата за намалување на загадувањето на воздухот од 2018 година за да се спроведат мерките од оценувањето за влијанието на подобрувањето на квалитетот на воздухот, дрече Нунесе.
Во областа на оправувањето со отпадоци, истакна тој, треба да се фокусираме на санација на загадените реони.
– Управувањето со отпадот ќе се подобри со градење на регионални депонии за одложување на отпадот, се подобрување на колекторите, со оперативност на информатичкиот систем за управување со отпад и со утврдување ефикасен механизам за редовно консултирање и давање помош на општините. Исто така, треба да се вклучат и невладините организации, рече Нунесе.

Невена Георгиевска од О2 иницијативата рече дека недостасуваат инспектори, а уште повеќе недостасува контрола од инспекции од Министерството за внатрешни работи, бидејќо самите инспектори, како што рече, не можат да се соочат со тоа што го имаат на терен, особено на дивите сметилишта и отпадите каде што се гори се и сешто.
– Дека ќе имаме драстично намалување на загадувањето, не верувам, бидејќи треба да имаме систематско решение и тоа на сите извори подеднакво. Меѓутоа, она што се случува, на пример, палење на терен, ако има редовни контроли и соодветни санкции би требало да има намалување на загаденоста. Палењето на диви депонии не е единствениот загадувач на воздухот. Имаме загадувачи кои се со одредени А интегрирани дозволи кои треба да ги контролира државниот инспекторат, додека дозволите Б се под локалната самоуправа. Се надеваме дека сега со новиот правилник што влегува во сила, ќе може да се санкционираат. Не можеме да очекуваме дека нешто ќе се смени само врз основа на апели. Мораме да примениме строга контрола и санкции со цел тоа да делува превентивно за сите оние кои не го спроведуваат законот и го загадуваат воздухот, изјави Георгиевска.
Таа рече дека не очекува оти ќе има големи поместувања, со оглед на тоа што сега ќе имаме техничка влада. Георгиевска додаде дека тие и го пренеле нивниот став на интерсекторската група, па ќе видат дали нешто од тоа што тие го дале како пример ќе вроди со плод.
– Ветерот повеќе ќе помогне во подобрувањето на загаденоста на воздухот. Ние одамна кажавме дека мерките што сега ги најавија нема да вродат со плод. Затоа што субвенционирањето на само одредени инвентори, е многу малку во однос на тоа колкаво загадување имаме. Треба системско решение и требаше да има рокови до кога и што се очекува. Ако се види дека нешто не се исполнува, да се преземе нешто за да се поправи. Кај нас премногу се чека во однос на тоа „ќе биде, ќе направиме, ќе имаме студии“. И тоа „ќе“ некако не одредува датум кога ќе ги видиме резултатите, рече Георгиевска.