Ветрот оддува лимен покрив од училиште во Гевгелија – нема повредени


Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

„Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности“, информираат од ЦУК.