Весели: Ни сантиметар косовска земја не смее да биде дел од дијалогот со Србија

 Претседателот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, пред денешниот почеток на новата рунда косовско-српски преговори во Вашингтон, на косовската делегација и порача дека во ниеден случај не смее да преговара за територија, јави  дописникот на МИА од Приштина.

На денешните средби со партиските структури во Митровица и Вучитрн, поранешниот собраниски спикер нагласи дека е неприфатлив било каков договор со Србија кој ќе го наруши територијалниот интегритет на Косово.

– Митровица и Косово се едно и се неделиви. Ниту еден сантиметар земја на Република Косово не смее да биде дел од дијалогот со Србија, порача Тачи.

Новата рунда косовско-српски преговори, која е планирано да трае два дена, треба да започне во Белата куќа денеска напладне по американско време, со средба на водачите на двете делегации, косовскиот премиер Авдулах Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ.