Верстапен го нарече Хамилтон „глупав идиот“ (видео)


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, не беше задоволен од однесувањето на Луис Хамилтон од Мерцедес за време на неговиот втор тренинг на Големата награда на САД. Возачите во еден момент се доближија до контакт со тркалата по што реагираше Холанѓанецот преку тимското радио.

– Ха! Глупав идиот! – рече Варсатпен и разјасни што чувства за возачот на Мерцедес.

Инженерите на Ред Бул му порачаа на Верстапен да го „игнорира“ Британецот.

На вториот тренинг во Остин, Хамилтон заврши трет, а Верстапен осми.

Главната трка во Остин од шампионатот во Формула 1 што ќе се вози за Големата награда на САД е закажана за утревечер со почеток во 21 часот по македонско време.