Верхофштад: Да не беше Брегзит, немаше да има руска инвазија


Поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштад изјави дека „посилна и пообединета Европа“ – т.е. онаа во која Обединетото Кралство сè уште е членка на ЕУ – можеше да биде доволно за да го одврати Владимир Путин од неговата целосна инвазија на Украина.

Актуелниот лидер на либералите и координатор за Брегзит на ЕП го кажа храброто тврдење во интервју за радио во вторникот.Тој изјави дека руската „брутална инвазија“ „нема никаква врска со проширувањето на НАТО, нема никаква врска со … Европската унија. Ова е навистина обид на Путин да го врати стариот Советски Сојуз“.

Тој изјави дека: „Обединета Европа, секако што се однесува до прашањата за одбраната, би направила огромна разлика. Мислам дека без Брегзит можеби немаше да има руска инвазија. Не знам, претпоставувам дека од друга страна тие би виделе многу посилна и обединета Европа“, додаде тој.

Верхофштад говореше по повод третата годишнина од излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ. Тој  се надева дека Британија еден ден повторно ќе се приклучи на блокот и дека Украина исто така може да се приклучи „ зошто да не во следните пет години?“.