Верешчук: Денешните експлозии се потсетник на кого му припаѓа Крим


Заменичката на украинскиот премиер, Ирина Верешчук денеска алудираше дека експлозиите во близина на руската воена база на Крим се предизвикани од напад на украинската армија.

– Денешните експлозии во Новофедеривка се уште еден потсетник на тоа на кого му припаѓа Крим. И припаѓа на Украина, напиша Верепчук на Телеграм.

На социјалните мрежи претходно беше објавено дека неколку силни експлозии се слушнале од правецот на руската воена база во Новофедоривка, лоцирана во западниот дел од анектираниот украински полуостров Крим. Селото Новофедоривка е на околу 200 километри од бојното поле.

Според очевидците се слушнале најмалку 12 експлозии со различен интензитет.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека на аеродромот Саки експлодирала авионска муниција, но оти сè уште не е утврдена причината.