Венити фер: Трамп ја закопа поранешната сопруга на голф терен за да избегне плаќање данок


 

Наводно, Доналд Трамп ја погребал поранешната сопруга Ивана на својот голф терен во Њу Џерси поради даночни олеснувања.

Американскиот магазин „Венити фер“ наведува дека е можно Трамп да ја погребал ивана на голф терен за да ги искористи даночните олеснувања.

Американските медиуми пишуваат дека, според законите на сојузната држава Њу Џерси, земјиштата кои се користат за закопување на починатите се ослободени од плаќање низа даноци, меѓу кои и оние на недвижности, наследство или приходи.

Социологот Брук Харингтон од Универзитетот Дартмут, авторка на книга за начините на кои најбогатите ги избегнуваат даноците, вели дека отпрво биола скептична околу гласините дека Трамп ја закопал својата поранешна сопруга на голф терен за да го избегне плажањето даноци, но дека, истражувајќи ги законите на Њу Џерси, се уверила оти тие навистина го овозможуваат тоа, при тоа не наведувајќи минимален број погребани, за повластувањата да можат да се применат.

Ивана Трамп почина минатиот месец, по пад по скалите. New York Post уште во 2017 година наведува дека Трамп добил одобрение за гробот во блзина на првата дупка на голф игралиштето, но и за повеќе гробови кои може да се купат од сите оние кои таму сакаат да почиваат.