Венецуелската опозиција го смени привремениот претседател


 

Венецуелската опозиција гласаше во националното собрани за смена на владата и привремениот претседател Хуан Гуаидо и за воспоставување на власт која би управувала со државниот имот во странство.

Гуаидо беше јавно лице на венецуелската, со фракции на разединетата опозиција од 2019 година, кога се повика на Уставот за да ја заземе позицијата на привремен претседател, при што доби поддршка од САД и останатите земји кои одбија да ги признаат резултатите од претседателските избори во 2018 година, кои се окарактеризирани како наместени, а на нив нов мандат доби дотогашниот претседател Николас Мадуро.

Но, иако не ја задржа претседателската должност, Мадуро продолжи да ги контролира повеќето венецуелски институции, вклучително и силите на безбедност, па привремената влада на Гуаидо почна да губи поддршка.

Три од четири главни опозициски партии – Демократската акција, Правда на прво место и Нова ера – ја поддржаа смената на Гуаидо и оформија петчлена комисија која ќе управува со венецуелскиот имот во странство, посебно со рафинеријата „Китго“ која се наоѓа на американско тло, а е подружница на националната нафтена компанија ПДВСА.

САД ја поддржува опозицијата

Прегледот за отстранување на привмремената влада и предлогот за основање комисија за контрола на странскиот имот поминаа со 72 гласа „за“, „29“ против и осум „воздржани“.

Гуаидо, чија партија Народна волја не ги поддржа предлозите, се обиде да ги увери парламентарците да му најдат замена, но да не ја распуштаат привремената влада.

„Поништување на овој скок во провалија. Уништувате нешто што би можело да се одржи“, изјави Гуаидо по гласањето во парламентот. Опозициските партии се надеваат дека Вашингтон ќе ја продолжи дозволата за „Китго’ и така ќе спречи можно преземање на рафинеријата од доверителите, откако во јануари дозволата за работа ќе престане со важност.

Венецуела има долг кон доверителите кој е поголем од 60 милијарди американски долари. САД ќе продолжат да ја поддржуваат опозицијата, собранието и привремената влада „без оглед на составот“, изјави портпаролот на американскиот Одбор за национална безбедност.