Венчавка на граница: Швеѓанец и Норвежанка рекоа „да“ секој во својата земја


 

Со оглед на тоа дека Швеѓаните и норвежаните не смеат да патуваат во соседната земја поради корона вирусот, една двојка реши да се венча на граница меѓу овие две земји.

Би-би-си пишува дека невестата Камила Ојорд од Норвешка и зетот Александер Клерн од Шведска ги изрекоа своите завети пред неколку дена на церемонија одржана на самата граница меѓу Норвешка и Шведска одвоени само со бела лента.

Секој физички се наоѓаше во својата земја придржувајќи се на мерките за сузбивање на корона вирусот.

Тие велат дека не можеле повеќе да чекаат да се престанат мерките за ограничување на движењето, имтересно е дека невестата на шега предложила бракот да се склопи на граница.

„Не сакавме да го промениме порано договорениот датум. Сакавме да се венчаме“, велат тие.

Со оглед на тоа дека Шведска има поопуштен пристап кон болеста во однос на останатите европски земји, а соседните како Норвешка не ја ставија на листата земји во кои смее да се патува, заљубените одлучиле бракот да го склопат на граница во југосточниот регион Холебек.

Младенците стоеја на спротивни страни, одвоени само со бела лента.

Невестата признава дека тој предлог го дала на шега, но дека приијателите и членовите на семејствата одушевено го прифатиле предлогот.

ие не очекувале дека некој же се појави на венчавката затоа што местото е во шума и до таму се стигнува по долг шумски пат, но на крај биле одушевени од бројот на гости.

Меѓу нив имало и двајца полицајци кои внимавале никој да не ја премине границата, а замолиле и тие да присствуваат на венчавката.