Венчаницата на принцезата Беатрис и тијарата „позајмени“ од кралицата Елизабета


Англија-Додека принцезата Беатрис и нејзиниот вереник, италијанскиот финансиер и аристократ Едоардо Мапели Моци се венчаа завчера на тајна церемонија во Виндзор, не беа објавени свадбените фотографии до денес. Среќната двојка почека со објавување на фотографиите од нивната венчавка, за да не го засени хуманиот гест на капетанот Том Мур, ветеран од Втората светска војна, кој собра повеќе од 33 милиони фунти (41 милиони американски долари) за здравствените работници во Британија за време на карантинот.

Бакингемската палата денес објави два неверојатни портрети направени од фотографот Бенџамин Вилер, кои го прикажаа неочекуваниот (и многу стилски) избор на Беатрис: винтиџ фустанот од дизајнерот Норман Хартнел, кој ги дизајнираше венчаниците на кралицата Елизабета и на нејзината сестра, принцезата Маргарет.

Венчаницата во форма на дијамант е во боја на слонова коска, комбинација на сатен и органза. Дизајнерите Анџела Кели и Стјуарт Парвин ја стилизираа венчаницата специјално за принцезата Беатрис.

На старите фотографии од сличната тоалета на кралицата Елизабета , која ја носеше барем во два наврати во 1960-тите (на премиерата на Лоренс на Арабија и на државна вечера во Рим), јасно е дека венчаницата изгледа малку поразлично.

За својот голем ден, Беатрис одбра да ја носи дијамантската тијара на кралицата Мери, истата што кралицата Елизабета ја носеше за својата свадба, а подоцна и принцезата Ана ја носеше на својата свадба.

Прекрасен букет, која вклучуваше гранчиња мирта, по кралска традиција и прстен дизајниран од Шон Лејн, кој го дизајнираше прстенот за свршувачка, го заврши свадбениот изглед на принцезата Беатрис.