Велика Британија воведе нови санкции против Русија: На мета се бродови, банки и една бродска компанија
Лондон – Велика Британија воведе нов пакет санкции против Русија, насочени кон бродови, банки и индустриски компании, со цел дополнително ограничување на финансиските текови што Москва може да ги користи за финансирање на војната во Украина.
Британската влада соопшти дека додала 13 нови субјекти на списокот на санкции, вклучувајќи шест руски банки, шест бродови и една компанија за управување со бродови со седиште во Индија, објави Ројтерс.
Од почетокот на војната во Украина во 2022 година, Велика Британија презеде мерки против повеќе од 3.200 лица, компании и бродови поврзани со Русија како дел од нејзиниот режим на санкции.
Значителен дел од овие санкции имаат за цел ограничување на приходите на Москва од извоз на нафта и други извори на финансирање на војната.