Велика Британија: Продажбата на мало на рекордно ниско ниво во март


Продажбата на мало во Велика Британија достигна рекордно ниско ниво во март, бидејќи скокот на продажбата на храна беше поткопан од остриот пад на продажба на облека и многу други производи, се вели во официјалните бројки објавени денеска.

Обемот на продажбата пропадна 5,1 отсто во март наспроти февруари – најостр пад од почетокот на статистиката во 1996 година.

Економистите најавуваа пад од четири проценти. Датумите го опфаќаат периодот 1 март – 4 април, вклучувајќи и две недели рестриктивни мерки за поголемиот дел од економијата.

Економијата на Велика Британија може да биде во најдлабока рецесија во изминатите 300 години и покрај тоа што Министерството за финансии и Централната банка најавуваат серија стимулативни мерки.

Продажбата на храна скокна рекордни 10,4 проценти во март од февруари. Продажбата на алкохол забележа рекорден раст од 31,4 проценти.

Продажбата на облека падна за 34,8 проценти, според статистиката. Споредено со март минатата година, вкупната продажба падна за 5,8 отсто, што е исто така рекордно и поголема од очекувањата на економистите.

Интернет трговијата е зголемена за 5,9 проценти.