Велика Британија: Наместо фарма со канабис, во полициска акција откриен „рудник“ за биткоин


Полицијата во Велика Британија била убедена дека е на траг да открие фарма за нелегално производство на канабис, но во спроведената полициска акција нивното изненадување било големо кога наместо дрога, во напуштена фабрика наишле на „рудник“ на криптовалути, јавуваат агенциите. Сепак, нивната акција не била залудна, бидејќи се открило дека за рударењето, компјутерите нелегално биле приклучени на електричната мрежа.

Рудникот за криптовалути бил лоциран во индустриска единица на периферијата на англискиот град Бирмингем – при што биле украдени илјадници фунти електрична енергија од главната мрежа, соопшти во четвртокот полицијата на Западен Мидлендс.

Полицијата ја пребарувала единицата Сандвел на 18 мај врз основа на разузнавачки информации што ги навело да веруваат дека објектот се користи како фарма на канабис.

На ваквиот заклучок биле наведени бидејќи многу луѓе го посетувале објектот во различни периоди од денот, соопшти полицијата, додавајќи дека биле видливи бројни жици и спеццијални вентилациски цевки за испушатање топлина. Полициски дрон открил и многу топлина што доаѓала од зградата.

Сите овие се „класични знаци“ на фарма со канабис, соопшти полицијата. Сепак, полицајците пронашле постројка од околу 100 компјутери и нула канабис кога влегле во зградата.

„Секако не е тоа што очекувавме“, рече во изјавата Jенифер Грифин, полициски наредник од Сендвел.

„Ги имаше сите белези на поставување на одгледување канабис и верувам дека тоа е втор ваков крипто рудник што го имавме во Западен Мидлендс“.

Рударите на Биткоин користат наменски компјутери за решавање на комплексни математички равенки кои ефикасно овозможуваат поминување на трансакција со биткоин. Рударите се наградувани за нивните напори со дигитална валута.

Сепак, целиот процес е неверојатно енергетски интензивен поради количината на енергија што ја користат компјутерите. Биткоинот има јаглероден отпечаток споредлив со оној на Нов Зеланд, произведувајќи 36,95 мегатони СО2 годишно, според „Дигикономист“.

„Колку што разбрав, рударењето на криптовалути самото по себе не е незаконско, но очигледно ја апстрахира електричната енергија од главното напојување“, рече Грифин.