Велика Британија и ЕУ ги интензивираат преговорите за Брегзит


Европската Унија денеска соопшти дека се договорила со Велика Британија да ги „интензивираат“ преговорите во обид да го спроведат Брегзит до закажаниот датум.

Засега, датум за излегување на Велика Британија од ЕУ е 31 октомври.

Ова беше објавено откако претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рече дека добил „ветувачки сигнали“ од ирскиот премиер Лео Варадкар дека сè уште може да се постигне договор за Брегзит и го продолжи рокот за разговори со Велика Британија.

ЕУ ќе ги преиспита шансите за постигнување договор за Брегзит в понеделник.

Економистите велат дека напуштањето на ЕУ без договор ќе наштети на економиите и на Велика Британија и на ЕУ.

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно изјави дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, со или без договор