Велешанец ја тепал мајка му, дедо тепал внук и снаа


 

Неколку семејни тепачки регистрира полицискиот билтен изминатото деноноќие, па така синот си ја нападнал мајката, дедо тепал внук и снаа, а син се обиден да ги нападне таткото и дедото.

Во, саботата, во 16.40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.М.(33) од Велес, затоа што претходно во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна мајка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, во 21.35 часот во СВР Струмица, 41-годишен жител на струмичко село пријавил дека околу 19.30 часот во дворот од куќата тој, неговиот син и неговата сопруга биле физички нападнати од неговиот татко Т.Р. и неговиот брат В.Р.. Се работи на расчистување на случајот.

А во 16.50 часот во Кратово, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода Д.К.(31) од Кратово, затоа што во домот на неговиот татко се однесувал агресивно и се обидел со тврд предмет да ги нападне неговиот татко и дедо. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.