„Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија „КО-РА“
Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола.

Оваа година помеѓу учесниците се: Пол Ванг и Рон Мајерс од САД, м-р Моника Радхоф Трол од Германија, м-р Петра Јовановска (Чешка), Анели ди Франис од Финска, Северине Бургерс од Белгија, Дубравко Наумов од Канада, Анна Мозговаја од Украина, Виктор Бранѓолица од Р.Хрватска, како и уметниците од Р.С.Македонија: м-р Марија Светиева, од м-р Билјана Билбилоска, м-р Наталија Пулејкова, м-р Маја Танева, м-р Валентина Илијевска, м-р Шќипе Мехмети, Риџет Ферати, м-р Игор Поп Тајков, Ацо Таневски и Светлана Пецакова, Ангелца Стоиљковиќ, Љубе Алексовски,Стефан Димовски, Анита Огњановска,Славица Таневска, Маја Николовска, Ленче Коцевска, Андријана Андреева /Ано Соро, Ванѓа Радевска……, стои во најавата.
Куратор на изложбата е Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.