Вечна класика од Италија: Giuliva Heritage x H&M


Партнерот за модна соработка, шведскиот ланец пак го побара во Италија, но овој пат не е развикана модна куќа туку луксузен бренд кој верува во квалитет

 

Шведска-Модниот гигант H&M веќе соработуваше со популарните брендови како Версаче, Балмен, Кензо, Џанбатиста Вали, Александер Ванг и др. Сега во услови на пандемија, се заврте кон потивка соработка со бренд препознатлив по врвниот крој чии модели ќе се носат вечно.

Станува збор за италијанскиот бренд Giuliva Heritage, познат по притаен луксуз за славни и анонимни богати муштерии. Блејзери, дамски панталони, меки ролки и кошули кои никогаш нема да излезат од мода.

Колекцијата ќе се најде на пазарот ширум светот од 3 септември.