Вечерва прв предизборен ТВ дуел на Заев и Мицкоски


Денеска со почеток во 18 часот и 15 минути ќе се случи првото изборно соочување на лидерите на двете најголеми партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски, најави Телевизија 24 на нејзината интернет страница. Нивен домаќин ќе биде Младен Чадиковски.

Се најавуваат сет на прашања од областа на политиката, правдата, и можности за соочување на аргументите на повеќе теми од економијата.

Некои од темите се: Бомбашко лето во среде кампања, кој губи а кој добива? Аргументите на маса – можна ли е правна држава со селективна правда?; Договорите со Бугарија и Грција како обезличување или како зацементиран идентитет за ЕУ и НАТО?; И СДСМ И ВМРО ДПМНЕ во ек на коронакриза, ветуваат повисоки плати и зголемена економија, реални ветувања или бајки за гласачите, пишува во најавата на дуелот.