Вечерва пет планети видливи од Земјата


Фото: Б. Грданоски

Љубителите на астрономијата оваа недела ќе можат да видат редок феномен на небото во кој главната улога ќе ја имаат дури пет планети, пишува Кајгана.

Имено, Меркур, Јупитер, Венера, Уран и Марс ќе бидат видливи од земјината перспектива како совршено порамнети во необичен распоред кој се случува само во многу ретки случаи.

„Овој пат можете да му се восхитувате на спектаклот на небото дури и со голо око благодарение на положбата на Сонцето, кое ќе ги осветли небесните тела, особено во вторник навечер“, велат научниците.


Италијанскиот астрофизичар Џанлука Маси им ја објасни на медиумите во оваа земја посебноста на овој феномен.

„Тоа ќе ни овозможи да им се восхитуваме на Јупитер, Венера и Марс, генерално јасно видливи планети, на кои им се придружува Уран. Сатурн и Нептун, единствените кои недостасуваат од ‘небесната парада’, можеби ќе бидат видливи тек в зори во вторник, но не во координиран распоред во споредба со другите“, вели тој.

Астрономот на НАСА, Бил Кук, објасни дека планетите во овој распоред најдобро ќе се видат во вторник, веднаш по зајдисонце.

„Порамнувањето на петте планети ќе биде видливо од каде било на Земјата, сѐ додека имате чисто небо и поглед на запад. Тоа е убавината на овие планетарни порамнувања. Не ни треба многу за тоа. Ако сакате за да ги гледате планетите, ќе имате ретка можност да го видите Уран кој вообичаено не е видлив. Забележете го неговиот зелен сјај веднаш над Венера“, рече астрономот.