Вечерва нема полициски час, за утре не се знае


Фото: Б. Грданоски

Вечерва нема да има полициски час, потврди д-р Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести, но за утре дополнително ќе се одлучува.

За уште порестриктивни мерки, односно повторно воведување карантински мерки во викенд, Караџовски упати да се праша министерот за здравство Венко Филипче, но во петок, до кога Комисијата ќе ја следи прогресијата на ширењето на Ковид-19.

Во меѓувреме од Владата побараа од Комисијата за заразни болести, до утре да им препорача воведување соодветни мерки за стопирање на ширењето на корона вирусот.

Деновиве, се пишува дека Комисијата ќе препорача полициски час во кризните подрачја, Скопје, Куманово, Тетово и Штип, од 22 часот до 5 наутро секој ден. Караџовски вели дека тоа време е препорачано за луѓето на време да се приберат дома и да нема респираторни контакти.

Сепак, треба да почекаме барем до утре, откако Комисијата ќе препорача мерки, а Владата евентуално да ги прифати.