Вечерва нè очекува спектакуларен метеорски дожд од Персеиди


Секоја година, таканаречените Персеиди го оживуваат нашето небо во лето и нè тераат да веруваме дека врнат ѕвезди.

Овогодинешната максимална активност на метеорскиот дожд Персеиди ќе има ноќта меѓу 11 и 12 август, а просечната активност се очекува да биде околу 100 метеори на час.

Се препорачува Персеидите да се набљудуваат што е можно подалеку од улични светла и различно светлосно загадување.

Астрономите исто така препорачуваат да не се гледа директно во зрачењето, почетната точка на метеорскиот дожд и се препорачува да се набљудуваатлегнати на земја. Тие исто така нагласуваат дека на нашите очи им требаат најмалку 30 минути за да се прилагодат на ноќните услови.

Според митот, штом ќе видиме ѕвезда што поминува на небото, можеме да посакаме желба.