Вечерва на РУТА во Драмски кабарето Концерт за лажици и гитара од Хрватска


Вечерва на фестивалот РУТА настапуваат гостите од Хрватска. Актерите  Никола Недиќ и Марио Јовев со кабарето – „Концерт за лажици и гитара“ работено под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички настапуваат веќе 9 години. Имаат над 100 изведби во Хрватска, а поради универзалноста на темите обработени во кабарето настапуваат во целиот регион на задоволство на публиката која ги препознава емоциите на обичниот човек. Гостувањето на РУТА е нивно прво гостување во Македонија и се надеваат на убав прием на публиката во Драмски театар.

Продукцијата на кабарето е на театарот Улисис и театарот EXIT. Автор на видеото е на Хрвое Залукар, а фотографијата е на Сашка Мутиќ.

Во „Лажици и гитара“ двајцата артисти преку звуците на лажици, гитара, мандолина во својот настап кој наликува на музицирањето на трубадурите, говорат поезија, раскажуваат за својот живот, а низ нивниот „откачен“ настап говори „гласот на разумот“. Секоја изведена песна има своја приказна и колку и да звучат забавно на сцената, до публиката од секоја песна допира позадината и длабоката порака за светот во кој живееме.

„Концерт за лажици и гитара“ е авторски проект на Никола Недиќ и Марио Јовев во кој на многу духовит и сатиричен начин ги допираат проблемите од секојдневниот живот како што се корупцијата, криминалот, лкапитализмот и иселувањето на младите.

Во 2020 година на Меѓународниот актерски фестивал „Заплет“ за „Концерт за лажици и гитара“ Никола Недиќ и Марио Јовев добиле награда за најдобри млади глумци, а на 14. „Гумбекови денови“ во Загреб во 2021 година претставата го гобила признанието за особен придонес и унапредување на кабаретскиот израз.

Кабаре – „Концерт за лажици и гитара“ доаѓа на фестивалот РУТА како претставник на театарот Улисис на местото на веќе најавената претстава  „Опера за три гроша“ со која од технички причини не се во состојба да допатуваат во Скопје. Театарот Улисис и Драмски театар Скопје се извинуваат за оваа промена во програмата.