Вечерва ќе светне 12- метарската новогодишна елка во Ист гејт мол


Денес, понеделник (13.12.2021),  од 18:00 часот, во центарот на Ист Гејт се палат светилките на 12-метарската елка, со што празничните настани официјално започнуваат. Следи големо музичко и слатко изненадување, насловено како Осветлување на Новогодишната елка во Ист Гејт Мол.

 

Секој посетител ќе може да ужива со Дедо Мраз, како и со Sarah Mace & The Christmas Girls, кои заеднички ќе ја осветлат пријатната зимска атмосфера во молот.