Вечерва е тензично пред Собранието (фото)
Групата демонстранти вечерва ја урнаа заштитната ограда пред Собранието доближувајќи се пред кордонот на специјалната полиција.
Еден дел од овие демонтранти фрлаат со петарди, пластични шишиња, камења, јајца кон полицијата, но засега ситуацијата иако е тензична не ги преминува границите на насилство. Поголемиот дел од оние што протестираат се главнио мирни, извикувајќи пароли
Во иконографијата доминираат знамињата со ѕвездата од Вергина.
Откако демонтрантите се доближија премногу до полицајците гаѓајќи ја зградата на Собранието со камења, полицијата интервенираше и ги потисна кон „Жена-парк“. Ситуацијата подоцна почна да се смирува. Повредени се тројца полицајци, а неколку демонстранти се уапсени.
Денеска премиерот Димитар Ковачевски изјави дека според сознанијата на МВР се очекуваат пожестоки протести.
Демонстрантите претходно беа пред Владата и Министерството за надворешни работи.