Вечерњи лист: Јавниот долг на Хрватска ќе биде над 90 отсто од БДП


Јавниот долг на Хрватска ќе скокне на 90 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), дури и ако кризата со коронавирусот заврши за три месеци, пишува денеска „Вечерњи лист“.

Во написот се наведува дека Хрватска влезе во пандемијата како најзадолжена земја во транзиција, со ниво на долг од приближно 73 проценти, што ја става на деветтото според задолженоста на земјите во рамки на ЕУ.

Слично на Хрватска, само Унгарија и Словенија имаат јавен долг од околу 70 проценти, додека далеку поуспешната Чешка има само 32 отсто од долг удел во БДП, Словачка 50 проценти, а најмалку задолжената европска земја Естонија само осум проценти, наведува хрватскиот весник..

.На врвот на листата е Грција, со 180 отсто јавен долг, по што следи Италија со 135 отсто, Португалија со 122 отсто, Белгија, Франција и Шпанија со околу 100 проценти, што, според сите прогнози, годинава значително ќе се влоши.